Решавањето на спорот со името е предуслов за Македонија во процесот на преговори за пристапување на оваа земја во Европската унија, изјави заменик министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас по средбата со премиерот Јоргос Папандреу. Тој додаде дека Грција сака динамичен процес на преговори за влез во унијата на земјите од Југоисточна Европа, но претходно да се исполнат сите критериуми.