Нема зголемување на заболени од жолтица во Куманово

Куманово

Во Куманово заболени од жолтицата од типот А има незначително повеќе од лани, епидемиолозите велат нема место за паника, но препорачуваат внимателност и зголемена лична хигиена.
Нема место за страв и паника од ширење на инфективната болест жолтица од типот А, порачуваат епидемиолозите од Регионалниот завод за здравствена заштита во Куманово. Семејствата кои имаат деца од предшколска и школска возраст пак се мобилизираа да извршат здравствени проверки. Жолтицата од типот А или позната како болест на нечисти раце е сезонско инфективно заболување. Бројот на регистрираните заболени во овој септември е незначително зголемен во однос на минатата година во истото време. Слична е состојбата и во Крива Паланка. Епидемиологот др Јадранка Стаменковска вели дека во Куманово се регистрирани осум случаи, или за три повеќе од лани. Шест од нив се хоспитализирани, а два се на домашно лекување оти се со полесна клиничка слика. Лекарските екипи
Дезинфекција, епидемиолошки анкети, едукација на учениците и следи епидемиолошката состојба. Се препорачува на населението да користи исправна вода за пиење, правилно отстранување на отпадоците, миење на овошјето и зеленчукот, отстранување на инсектите
преземаат соодветни мерки:

,,Дезинфекција, епидемиолошки анкети, едукација на учениците и следи епидемиолошката состојба. Се препорачува на населението да користи исправна вода за пиење, правилно отстранување на отпадоците, миење на овошјето и зеленчукот,отстранување на инсектите."

Училиште во Куманово
Како населението одржува хигиена?

,,Населението е запознаено со преземање на сите мерки за лична хигиена."

Вели др Стаменковска и додава дека во руралните средини постојат повеќе услови за ширење на овој вирус,во однос на урбаните средини. И ако најзагрозена популација се децата дали постои можност тие да бидат инфицирани и од некој од возрасните членови на нивното семејство?

,,Вирусот се излачува преку измет, па се препорачува хигиена и во семејството. Инкубацијата е две седмици, а сите членови на семејството се проверуваат."

Во овој период од годината од вкупно регистрираните 531 лице инфицирано со цревни заболувања, сезонските проливи се најприсутни и тоа во 445 случаи. И додека епидмеиолозите препорачуваат одржување лична хигиена, во услови кога нашите градови меѓу кои и Куманово не можат да се пофалат дека се чисти, важно е да се бега подалеку од садовите за отпад.
-Секако.