Европската комисија во денеска објавениот извештај препорача отворање на претпристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, соопшти еврокомесарот за проширување на Унијата Оли Рен.
Комесарот за проширување на Унијата Оли Рен на пресконференцијата во Брисел, соопшти дека Европската комисија ќе препорача почеток на претпристапните преговори за полноправно членство во Унијата. Во Инфоцентарот на ЕУ во Скопје имаше организирано следење на бриселската пресконференција. На пресконференцијата Комесарот Оли Рен рече дека земјава остварила уверлив напредок и суштински се осврнала на осумте одредници, на кои им беше додаден уште еден критериум, а тоа е одржувањето фер и демократски избори.
,,Комисијата смета дека земјата, во задоволителна мерка, ги исполнува полтичките критериуми од Копенхаген и дека овие мерки и овозможија на комисијата да препорача отворање на преговори за членство."
Иако, не го посочи директно како услов за почеток на преговорите, Рен, сепак, се осврна и на прашањето за името и посочи дека решението на спорот за името е од суштествена важност.
,,Верувам дека владата во Скопје ќе го сфати ова како многу силен поттик и охрабрување, конечно да го реши прашањето за името кое постои веќе 18 години. Во нашите заклучоци потцртуваме, цитирам: Одржувањето на добросеседските односи вклучително и преговарано и меѓусебно прифатливо решение за прашањето за името, под закрила на ОН, останува од суштествена важност. Сега е навистина посуштествено и поитно од било кога, заради доброто и заради европската иднина на земјата."
Пред околу еден час евроамбасадорот во земјава Ерван Фуере му го предаде извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија на премиерот Никола Груевски. За попладнево е предвидена средба на Фуере со претседателот Ѓорге Иванов.
Во Извештајот се посочува дека Македонија направи значаен напредок во исполнувањето на клучните приоритети и ги исполни обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во документот се наведува дека претседателските и локалните избори во 2009 година ги исполнија повеќето меѓународни стандарди, подобрен е политичкиот дијалог, владината коалиција е стабилна, политичката клима е многу подобра, а Собранието е поефикасно. Напредок е регистриран и во реформите на полицијата, на судството, јавната администрација и борбата против корупцијата, како и во областите транспорт, царина, даноци. Во извештајот има критики за независноста на судството, професионалното управување со затворите и политичкото влијание во медиумите. Во поглед на економските критериуми, во извештајот се забележува дека слабостите на администрацијата и на владеењето на правото негативно се одразуваат на бизнис климата.

Комисијата смета дека земјата, во задоволителна мерка, ги исполнува полтичките критериуми од Копенхаген и дека овие мерки и овозможија на комисијата да препорача отворање на преговори за членство