Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Македонија

Евро комесарот за проширување Оли Рен во Брисел соопшти дека Европската Комисија, во извештајот за напредокот на Македонија во 2009 година, препорачува отворање на преговорите за членство со Република Македонија. Еврокомесарот изрази уверување дека ова ќе претставува силно охрабрување на владата во Скопје за решавање на спорот со Грција околу името, бидејќи добрососедските односи се клучни за европската интеграција на Македонија.