Иако некои политички субјекти свесно ја разгоруваат ситуацијата на тензичност меѓу различните етнички групи, граѓаните од мешаните средини велат дека секојдневните проблеми им оставаат малку простор да размислуваат за нетрпеливост помеѓу себе, а и веќе се научени како да ги канализираат проблемите.
Граѓаните имаат повисока свест и за важни прашања во државата вклучитено и за оние, како на пример актуелното прашање со македонската енциклопедија, од оние кои се поодговорни за истото. Додека некои политички субјекти свесно ја разгоруваа политиката на меѓусебни конфронтации, оспорувања и негирања и со тоа ги воведуваат граѓаните во некоја изнудена состојба на тензичност, што резултира со потези кои се несоодветни на ситуацијата, како на пример политиката да интервенира во науката, луѓето имаат чувство за проценка на состојбата. Меѓу граѓаните во мешаните средини свесно се оставаат таквите и слични теми за оние што се компетентни за нив да дискутираат:
,,Меѓу соседите не доаѓа до такви разговори, и тоа и друг пат било не само сега. Некој нешто што ќе го ,,боли" да речеме, некаков факт, тоа се избегнува да се каже. Тоа е политика, историјата си е историја, соседството, си е соседство."
,,Тоа е политика, ништо друго. Само сакаат да се задеваат, заради тоа што сакаме да влеземе во ЕУ, ништо друго."
Животот во мешаните средини има традиција и луѓето знаат да ги канализираат ставовите во меѓусебните односи, а не да ги загрозуваат. Иако ова прашање не влијае врз меѓуетничките односи може да се забележи чувство на навреденост кај албанските граѓани од одредниците во енциклопедијата, додека кај македонските граѓани постои чувство за манифестација на недопустлива нетолерантност во друг правец. Ако некој политичар тврди дека науката греши и ако своето гласно и агресивно мислење сака да го наметне на науката, тој не ја брани толеранцијата туку пропагира нетолеранција, коментираат нашитесоговорници:
,,Историјата ти кажува дека си ваков, тоа веднаш ќе направи да почнеш да се расправаш со некого."
,,Е секој сега си гледа од свој аспект каква е енциклопедијата. Фактите се факти."
,,Најголемиот политички хаос го направија политичарите и кои се најмалку компетентни да зборуваат за историјата."
Кај луѓето исто така постои иритираност дека дури и помали прашања добиваат незаслужено висок третман. Актуелноста на енциклопедијата што ја објави МАНУ е повеќе во политичките и новинарските кругови кои го создаваат јавното мислење отколку во вистинскиот секојдневен живот на граѓаните кои си имаат свои интереси и обврски, проблеми и преокупации кои ги решаваат меѓу себе. Може да се каже дека економијата и тековните теми од нивниот секојдневен свет ги неутрализираат другите теми, ги бришат и затоа тие одат во секој разговор во мешаните средини:
,,Јас на пример, сакам секој да доаѓа тука, не само албанци, туку и македонци, турци, роми, сите..."
,,Ние конкретно гледаме тука во зградата да ни е арно, си плаќаме одржување на зградата. Исто е со сите, дали е со албанска националност, српка, ромска, исто е со сите. Животот нема врска со енциклопедијата."
Некој нешто што ќе го ,,боли" да речеме, некаков факт, тоа се избегнува да се каже. Тоа е политика, историјата си е историја, соседството, си е соседство
,,Меѓу соседите не доаѓа до такви разговори, и тоа и друг пат било не само сега. Некој нешто што ќе го ,,боли" да речеме, некаков факт, тоа се избегнува да се каже. Тоа е политика, историјата си е историја, соседството, си е соседство."
,,Тоа е политика, ништо друго. Само сакаат да се задеваат, заради тоа што сакаме да влеземе во ЕУ, ништо друго."
Животот во мешаните средини има традиција и луѓето знаат да ги канализираат ставовите во меѓусебните односи, а не да ги загрозуваат. Иако ова прашање не влијае врз меѓуетничките односи може да се забележи чувство на навреденост кај албанските граѓани од одредниците во енциклопедијата, додека кај македонските граѓани постои чувство за манифестација на недопустлива нетолерантност во друг правец. Ако некој политичар тврди дека науката греши и ако своето гласно и агресивно мислење сака да го наметне на науката, тој не ја брани толеранцијата туку пропагира нетолеранција, коментираат нашите
Најголемиот политички хаос го направија политичарите и кои се најмалку компетентни да зборуваат за историјата