Поддршка за реформите на американското здравство

Американскиот претседател Барак Обама ја поздрави поддршката што сенатскиот комитет за финансии му ја даде на законот за реформи на американскиот систем за здравствена заштита. Според Обама, станува збор за клучен потег со кој Конгресот е се поблиску до усвојување на законот. Околу 46 милиони американци во моментов немаат никаква здравствена заштита.