Шпанската министерка за одбрана Карме Чакон Пикерас денеска е во официјална посета на Скопје. За време на средбата со министерот за одбрана Зоран Коњановски ќе биде потпишан Меморандум за соработка во областа на одбраната, со што ќе се официјализира билатералната соработка меѓу министерствата за одбрана на двете држави.