Нашата соработка со американската администрација е на највисоко ниво, изјавил рускиот претседател Дмитри Медведев , по средбата со американскиот државен секретар, Хилари Клинтон. Тој изјавил дека постои заедничко расположение да се најдат одговори на најактуелните и најсложените прашања, како проблемите на Блискиот Исток, во Иран, Северна Кореја.