Руски активисти за човекови права велат дека државниот секретар на САД Хилари Клинтон ги уверила дека напорите за обновување на врските со Москва, не значат дека Вашингтон ќе се откаже од поддршката за демократијата во Русија. Активистите изјавиле дека Клинтон им рекла дека верува дека Соединетите Држави можат да изградат подобри односи со Кремљ,додека работат на промовирање на човековите права и западните демократски вредности. САД нема да го игнорира прекршувањето на правата во Русија, изјавила Клинтон.