Отфрлено барањето за имунитет на Радован Караџиќ

Апелацискиот суд на Хашкиот трибунал денеска го отфрли барањето на политичкиот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ да не биде суден пред Трибуналот на Обединетите нации за воени злосторства во поранешна Југославија бидејќи му бил ветен имунитет од американски претставник. Против Караџиќ се подигнати 11 обвиненија, меѓу кои и за геноцид за време на војната во Босна и Херцеговина. Караџиќ тврди дека, поранешниот специјален пратеник за Балканот, Ричард Холбрук ,на средба во јули 1996 година во Белград му ветил дека нема кривично да биде гонет ако се повлече од политичкиот живот. Судскиот процес против Караџич треба да почне на 21 октомври.