Повеќе од 40 лица загинаа во најверојатно самоубиствениот бомбашки напад што се случи во Пакистан. Полицијата информира дека цел на нападот бил воен конвој што минувал низ еден пазар во областа Шангла во северозападниот дел од земјата. Информациите од полицијата говорат и дека 45 лица се повредени во нападот, како и дека повеќето од загинатите се цивили.