Рускиот премер Владимир Путин на својот пат кон Кина , застанал кај Руски Остров, поранешна база близу до Владивосток, која се наоѓа на далечниот исток од земјата. Путин изразил подршка, островот да биде домаќин на самитот на Азиско-пацифичка економска соработка во 2012-та. Тој изјавил дека и понатаму преку големи проекти ќе инвестираат во инфраструктурата на тој далечен остров. Путин оттаму заминал за Кина, каде треба да присуствува на Централниот самит за безбедност. За време на тридневната турнеја, Путин и кинеските власти треба да потпишат договори вредни 5, 5 милијарди долари.