Пакистан е загрижен за американската парична помош

Пакистанскиот министер за надворешни работи , Шах Мехмуд Куреши, отпатува за САД, за да ја изрази загриженоста поради американскиот закон за парична помош во борбата против терористите. Критичарите го оценија законот како кршител на сувереноста на Пaкистан. Американскиот конгрес минатиот месец, одобри троструко зголемена помош за Пакистан, и го достави до претседателот Обама да го усвои како закон. Земјата наредните 5 години, ќе добива по 1, 5 милијарди долари годишно. За да покаже дека нема да ги подржува милитантните групи, законот бара Пакистан да посвети поголемо внимание на борбата против тероризмот. Пакистанската армија минатата недела изрази „сериозна загриженост“за влијанието на законот на националната безбедност. Загриженоста на армијата е во судир со владата која го подржува законот.