Македонија зависна од увоз на струја

ЕЛЕМ деновиве објави јавен повик за увоз на струја за месец декември, што според пресметките согласно просечната берзанска цена на струјата, ќе ја чини државата околу 4 милиони евра. Недостатокот на струја од домашно производство се должи на инертноста на државата за отварање на нови енергетски капацитети.
Македонија се повеќе станува увозно зависна земја кога станува збор за електричната енергија. Деновиве ЕЛЕМ објави јавен повик за увоз на 72 гигават часови електрична енергија за декември годинава. Според сегашната просечна берзанска цена за увоз на ова количество енергија ќе се потрошат околу 4 милиони евра. Недостатокот на струја од домашно производство се должи на повеќе годишната инертност на државата за отварање на нови енергетски капацитети. Проектите и студиите за нови јагленокопи со години останаа затворени во фиоки. Сега кога кризата тропна на вратата се отвараат сите заедно. Во Мариово се испитува квалитетот на јагленот, во Живојно допрва ќе се дупчи, а од Брод-неотино ќе потече првиот јаглен, но наместо со рударска опрема се транспортира со камиони.
Во Брод-неотино ќе започне најновата претстава, под работен наслов, отварање на рудникот Брод-неотино по четври пат. Транспортен систем нема, багерот сеуште не работи, немањето на ниту еден успешно реализиран проект во областа на енергетиката последните три години го принудува Груевски на вакви очајнички чекори


,,Ваквата испорака на јаглен ќе трае се додека не се направи и монтира транспортниот систем за континуирана испорака на јаглен во термоелектраните."

изјави директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски. Од опозицијата не веруваат дека државата има капацитет за реализација на толку проекти оддеднаш. Пратеничката на СДСМ од Битола, Весна Бендевска вели дека власта за да покаже дека работи на проблемот по неколку пати сече ленти на исти рудници:

,,Во Брод-неотино ќе започне најновата претстава, под работен наслов, отварање на рудникот Брод-неотино по четври пат. Транспортен систем нема, багерот сеуште не работи, немањето на ниту еден успешно реализиран проект во областа на енергетиката последните три години го принудува Груевски на вакви очајнички чекори."

Без отварањето на новите рудници и ревитализацијата на старите блокови, експертите сметаат дека на ред им остануваат уште пет години живот. Со новите проекти векот ќе им се продолжи за 20 години, но отварањето на рудниците и ревитализацијата на блоковите на енергетскиот стожер во државата ќе чинат околу 350 милиони евра. Прашање е дали и колку ќе се задолжи државата за нивна реализација? Но, економската стабилност на Македонија зависи од тоа, а и домашното производство на струја е секогаш поевтино од домашното.