Хилари Клинтон денеска во Белфаст и Москва

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ќе се сретне со политичките лидери во Северна Ирска како подршка за комплетирање на преговарачкиот процес. Таа ќе има обраќање во Парламентот во Белфаст. Во 1998 беше постигнат мировен договор по децениите борби меѓу про британските и ирските националисти во кои загинаа 3600 луѓе. Американскиот државен секретар потоа вечер ке отпатува во Москва на разговори со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и Претседателот Дмитриј Медведев. Клучна тема на разговорите ке биде новиот договор за стратегиско офанзивно вооружување и плановите на американската администрација за создавање нов систем на против ракетна одбрана.