Рускиот премиер Владимир Путин денска треба да ја започне тридневната посета на Кина. Предвидено е Путин да се сретне со кинеските лидери и да присуствува на Централноазискиот самит за безбедност. Кремљ соопштува дека за време на посетата, кинеските и руските власти ќе потпишат договори вредни 5,5 милијарди долари. Посетата на Путин на Кина се поклопува со обележувањето на 60-годишнината од воспоставуањето дипломатски односи меѓу Кина и Русија.