Денеска треба да биде соопштен добитникот на нобеловата награда за економија. Се чини дека годинава, интересот за името на добитникот е поголем поради светската економска криза. Минатата година, нобеловата награда му припадна на американскиот економист и колумнист на Њујорк Тајмс, Пол Кругман. Девет од единаесеттемина овогодишни нобеловци во петте категории - медицина, физика, хемија, литература и мир се американски државјани. Меѓу нив е и претседателот Барак Обама, кој ја доби нобеловата награда за мир.