Вооружени лица киднапирале ирски католички мисионер од манастир во јужниот дел на Филипини, соопштила полицијата. Според полицискиот извештај, шест мажи, упаднале во мисионерска куќа , го зеле мисионерот и потоа избегале со чамец. Полицискиот шеф изјавил дека се обидува да ги утврди мотивите за киднапирањето, но не сака да шпекулира.