Во Франција уапсени припадници на ЕТА

Француската полиција уапсила двајца припадници на баскиската сепаратистичка група ЕТА во областа Херо, на југозападот од Франција, соопштил извор од полицијата. Кај уапсените, полицијата пронашла оружје, лажни француски и шпански докумнети за лична идентификација , а им го заплениле и компјутерот. Во Шпанија припадниците на ЕТА се обвинуваат за убиство на 828 луѓе во свoјата кампања за создавање на независна баскиска држава, во кој ќе припаѓаат и делови од југозападна Франција и северна Шпанија.