Македонија го одбележува 11 Октомври

Македонија денеска одбележува 68 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58 илјади луѓе.Денеска во македонското Собрание ќе биде врачена годишната државна награда „11 Октомври“ која се доделува за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Годинашен добитник на наградата е Момир Поленаковиќ, интернист и нефролог од Скопје. По повод празникот ќе биде одржана Свечена академија на која ќе се обрати премиерот Никола Груевски, а владина делегација ќе положат свежо цвеќе на Партизанските гробишта и на гробот на генерал Апостолски. Пригодни свечености ќе има и во Прилеп и во Куманово, градовите во кои започнало востанието.