Во експлозија на цистерна со нафта, во јужниот дел на Нигерија, загинале помеѓу 70 и 80 луѓе, соопштуваат нигериските медиуми. Цистерната се превртела поради дупка на автопатот, а потоа експолдирала, а пожарот ги зафатил и автомобилите и 5 минибуси кои биле полни со луѓе. Државниот директор за безбедност на патиштата, укажал на лошата состојба на патиштата и порачал веднаш да се преземе нешто , бидејќи ваквите трагедии можат да се повторат.