За секој друг добивањето на Нобеловата награда за мир би било огромно признание. Но, за американски претседател Барак Обама тоа би можело да биде поинаку.
Барак Обама, говорејќи пред Белата куќа изјави дека тој е премногу кратко време претседател за да може оправдано да добие толку голема чест.
,,Да бидам искрен, јас не чувствувам дека заслужувам да бидам во друштво на толку истакнати личности кои се почестени со оваа награда.,,
Мајкл Стил, претседател на опозицискиот Републикански Национален комитет, саркастично се согласува со Обама. Или како што рече, ѕвездената моќ на Обама фрла сенка врз работата на вистинските миротворци. Со оглед на ваквите критики, Алан Лихтман, професор по американска политичка историја на Американскиот универзитет во Вашингтон, изјави дека оваа награда претставува предизвик за секој претседател кој е на почетокот на својот мандат, како што впрочем е и Обама.
Лихтман вели дека на претходните двајца американски претседатели кои ја добиле Нобеловата награда за мир таа им била дадена за нивните посебни достигнувања. Теодор Рузвелт во 1906 година, по преговорите за крај на Руско јапонската војна и Вудроу Вилсон во 1919 година за неговите мировните напори во текот на Првата светска војна
,,Не сум сигурен дека добра идеја е наградата да ја добие некој кој е на почетокот на претседателската функција, Мислам дека тоа ќе биде голем притисок за претседателот, кој нема постигнато доволно во овие изминати девет месеци претседавање.,,
Според Лихтман опозицијата би можело да се жали дека наградата за мир ќе има влијание врз надворешната политика на Обама и тоа токму во моментот кога тој треба да реши дали да испрати дополнителни војници во Авганистан.
,,И добивањето на Нобеловата награда за мир во овој момент може да биде фактор што ќе влијае врз неговата одлука. Ова е и огромна чест, но исто така и политички проблем за него. "
Со Лихтман не се согласува Стивен Хес од Истражувачкиот центар во Вашингтон кој ја отфрла идејата дека наградата за мир можде да влијае врз одлуките на Обама. Хес се согласува со Лихтман дека е невообичаено наградата да се доделува не за она што е постигнато, туку за она што Нобеловиот комитет се надева дека Обама ќе го направи.
Сепак, Хес додава.
,,Јас навистина не мислам дека наградата ќе има дополнително влијание врз Обама. Доволен е притисокот што го има сега како претседател. Тоа нормално ќе сака да го искористи опозцијата. Ќе бев изненаден ако претседателот на Републиканскиот Националниот комитет не дадеше таква изјава воопшто.,,
Хес вели дека, на некој начин, е охрабрен од тоа што американците со претпазливост го примија доделувањето на Нобеловата награда на нивниот претседател. Според него, некои земји, доколку нивниот лидер добиеше таква награда, би прогласиле национален празник.

Не сум сигурен дека добра идеја е наградата да ја добие некој кој е на почетокот на претседателската функција, Мислам дека тоа ќе биде голем притисок за претседателот, кој нема постигнато доволно во овие изминати девет месеци претседавање.