Македонија деновиве го очекува извештајот на Европската комисија и се надеваме дека ќе биде во тонот на нашите постигнувања и оти ќе резултира со одлука на Советот на Европската унија за почеток на преговорите за членство. Ова го изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во обраќањето на неформалниот состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што синоќа заврши во Истанбул. Тој изрази надеж дека соседните земји кои се членки на Унијата, Грција и Бугарија, ќе го препознаат својот интерес и оти ќе настојуваат Македонија да добие позитивна одлука од Советот. Милошоски нема да учествува на 12 Конференција на Балканскиот политички клуб, што се одржува денеска во Истанбул, за да присуствува на отворената седница на македонската влада.