Медведев му честита на Обама за Нобеловата награда

Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска му ја честиташе на Барак Обама Нобеловата награда за мир, оценувајќи дека одлуката на Нобеловиот комитет сведочи за реалистичната визија на динамиката на светскиот развој. ,,Се надевам дека одлуката ќе биде допоплнителен поттик на напорите за создавање нова клима во меѓународните односи,, се наведува во соопштението од Кабинетот на Медведев.