Белата Куќа соопшти дека претседателот Барак Обама ги продолжил консултациите со неговите најблиски советници околу политичките и безбедносните предзвици во Авганистан, како и опциите за новата стратегија во таа земја. Обама деновиве одржа серија состаноци во врска со барањето на американските команданти во Авганистан дека е потребно зголемување на бројот на војниците за дополнителни 40 илјади во борбата против талибанците.