Албанија нема да испрати свои мировници на Косово

Албанскиот премиер Сали Бериша по средбата со командантот на меѓународните Сили на Косово, Маркус Бенетлес во Приштина, изјави дека неговата земја нема да упати свои мировници во составот на КФОР. Бериша изјавил дека тие ќе го помагаат Косово преку „други форми“, како обука на воени кадри на академијата во Тирана, како и околу враќањето на раселените лица. Бериша пред неколку месеци изјави дека е можно Албанија да учествува со свои мировници на Косово. Албанија има свои мировници во Авганистан, Ирак и во Босна и Херцеговина.