Полска со контрадикторни изјави за Лисабонскиот договор

Постојат контрадикторни изјави за тоа дали полскиот претседател Лех Качински ќе го потпише Лисабонскиот договор. Прво неговиот помошник Александар Шчигло, изјави дека Качински ќе го потпише Договорот до недела , следејќи го ирскиот пример. А потоа братот близнак на претсадателот Качински , кој е поранешен премер, фрли сомнеж на таа изјава. Од 27 земји членки на ЕУ, само Полска и Чешка не го потпишале Договорот.