Качински в недела со потпис на Лисабонскиот договор

Полскиот претседател Лех Качински в недела ќе го потпише Лисабонскиот договор за натамошни реформи на Европската унија. Ова, како што јавува агенцијата Ројтерс, го изјавил неговиот помошник Александар Шчигло. По таквиот потег на Качински ќе остане уште чешкиот претседател Вацлав Клаус кој одбива да го потпише Договорот се додека Уставниот суд не се произнесе по жалбата на неколкумина сенатори. Ирските гласачи на минатонеделниот референдум со големо мнозинство го поддржа договорот.