Денеска во Стокхолм треба да биде објавен годинашниот носител на Нобеловата нагрда за литература. Според британската обложувалница Ледброкерс, која важи за една од најдобрите во предвидување на победниците, најверојатни добитници се Амос Оз од Израел, германската писателка Херта Милер и американците Џојс Керол Оутс и Филип Рот. Сепак, досега се покажало дека е тешко да се предвиди изборот на Шведската академија која често пати наградата ја доделува на непознати автори.