Од Македонскиот Центар за европско образование посочуваат дека и покрај сеуште постоечките проблеми, Македонија ги има исполнето главните критериуми и може да се надева на препорака за отпочнување на преговорите со ЕУ.
Во законот за внатрешни работи, кој е еден од критериумите за евроинтеграциите има пропусти, велат во фондацијата Метаморфозис. Законот не предвидува внатрешна контрола на работата на полицијата, проблемот со прислушкување се уште постои. Озаконување на тајната полиција која има преголеми овластувања е проблем на кој треба да се внимава, вели членот на управниот одбор на Метаморфозис Фани Каранфилова Пановска. Останува прашањето на независност на судството, по вработувањето на судии без искуство или со неколку месечно искуство во Врховниот суд. Проблеми има и со информацискиот систем во судовите, голем дел од судовите не можат да ги користат софтверите, ниту пак можат во целост да ги водат предметите електронски. Ова се дел од забешките наведени во третиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија. И покрај забелешките критериумите за препорака за датум за преговори се исполнети, велат во Македонскиот центар за европско образование. Тие предупредуваат на проблемите кои се уште постојат во институциите како и на оние кои ќе настанат по спроведувањето на законите кои се неодамна донесени.
,,Македонија е постојано под лупа на ЕУ, на Грција можеби најмногу со оглед на тоа дека Грција се труди да најде изговори за тоа како да не спречи во почетокот на преговорите пред да биде решен спорот за името, а ние покажавме дека умееме да паднеме на политичкиот критериум лани со предвремените избори."
Владата, во овој период откако ќе биде објавен извештајот до декмеври кога советот на министри на ЕУ ќе одлучува мора да внимава што прави, вели Пановска.
,,Испади од типот македонска енциклопедија што ни се случи, испади од типот градење на парк за децата бегалци на граничниот премин Меџитлија е директна провокација, менување на државниот грб во Парламентот што може да иницира меѓуетнички и други демократски прашања дека ние практично не го исполнуваме политичкиот критериум не смееме да си ги дозволиме."
Македонија не смее да си дозволи во овој момент кога е толку блиску до добивање препорака да се врати назад неколку чекори и да и даде оружје во рака на Грција, вели Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование.
,,Реално исполнети се реперите тоа постојано го зборуваат и од ЕУ, меѓутоа и законите во последните неколку месеци видовме што се случи, конечно седнаа пратениците имавме политички дијалог. На ЕК ќе и требаат ,,дебели" аргументи да образложи зошто Македонија нема да добие препорака за преговори."
Вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски очекува фер извештај од Европската Комисија во кој ќе биде вреднуван успехот на земјата во однос на реформите.
Реално исполнети се реперите тоа постојано го зборуваат и од ЕУ, меѓутоа и законите во последните неколку месеци видовме што се случи, конечно седнаа пратениците имавме политички дијалог. На ЕК ќе и требаат ,,дебели" аргументи да образложи зошто Македонија нема да добие препорака за преговори