Група од 36 членови на иранската опозиција се вратиле денеска во еден камп за егзил ,откако поминале 3 месеци притвор во ирачки затвор, соопштил портпаролот на ирачката Влада. Тој соопштил дека луѓето се вратиле во кампот Асхраф, каде има околу 3.500 муџахедини кои се затворени таму од американската инвазија во 2003-та. Члeновите на опозицијата биле уапсени во јули за време на една распарава со ирачките безбедносни сили во логорот, кога биле убиени 11 луѓе.