Турската полиција се справува со демонстрантите против ММФ и СБ

Турската полиција и денска успеала да ги разбиe демонстрациите против Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка кои во Истанбул ги одржуваат своите годишни состаноци, кои завршуваат денеска. Претходно полиција запленила камион полн со Молотови коктели , за кои се смета дека били наменети за демонстрациите .Полициски извори соопштиле дека нападите биле подготвени од членови на забранетата марксистичка организација Револуционерна партија и фронт за народно ослободување.Дел од Молотовите коктели било планирано да се искористат врз зградите околу Конгресниот центар, за да се создаде хаос и паника по улиците на Истанбул. Полицијата уапсила тројца членови на организацијата.