Економскиот раст во 16-те земји членки на еврозоната, опаднал за 0, 2 насто во вториот квартал во однос на првото тромесечие од годината, соопштила денеска агенцијата за статистика на ЕУ. На почетокот на септември беше евидентиран пад од 0, 1 процент. Во сите 27 држави членки на ЕУ, растот во вториот квартал е за 0, 3 насто помал отколку во првиот квартал.