Со новиот закон, донесен во Собранието пратениците имаат поголема можност да расправаат за злоупотребите што се прават во одредени министерства или во Владата. Тоа ќе го прави матична комисија на која ќе се бара отчет од посоченото министерство.
Со новиот закон што го донесе Собранието пратениците имаат поголема можност да расправаат за злоупотребите што се прават во одредени министерства или што ги прави владата. Тоа го прави матичната собраниска комисија. Нејзиниот претседател закажува јавна расправа на која покрај пратениците и медиумите присуствува министерот во чиј ресор опозицијата или државниот ревизор посочил сомневања за финансиски злоупотреби, вели пратеникот на ЛДП Роза Топузовска Каровска, по обвинувањата на опозицијата дека владата незаконски трошела 3,2 милиони евра повикувајки се на ревизорски извештаи:
,,На таа комисија присуствуваат и пратеници и медиуми и тие го распрашуваат подетално министерот каде ги потрошил тие да речеме пет-шест милиони. Бидејќи вака само повикување за тие милиони евра, можеби тој ќе даде отчет, можеби не се потрошени, можеби неможеме да ги видиме итн. исто така може да има присуство и на државниот ревизор."
Досега многу често обвинувањата за незаконско трошење пари остануваа само на вербални изјави од собраниската говорница. Каровска смета дека преку поширока расправа во Собранието ќе се обезбеди поголем притисок од јавноста и се јакне контролната улога на Парламентот кој досега повеќе беше сведен само на неговата законодавна функција.
,,Со оглед дека и јавните расправи се однесуваат на тоа да може да се презентираат преку медиуми и преставници на медиумите присуствуваат на тие седници, мислам дека на тој начин ќе се даде поголема јавност."
Но, тука завршуваат надлежностите на Собранието, а понатаму се е во рацете на останатите институции надлежни за злоупотреби како што се Антикорупциската комисија и јавниот обвинител. Вања Михајловска поранешен член на Антикорупциската комисија се согласува дека по објавувањето на извештаите на државниот ревизор во кој се посочува за незаконско трошење пари процедурата трае подолго откако државниот ревизор ќе ги достави извештаите до јавното обвинителство. Јавниот обвинител треба да ја започне процедурата и да прибира дополнителни податоци за да се документира се што се посочува во извештаите:
,,Тоа е така затоа што органите не се ефикасни инаку не би требало да трае долго. Органите на прогонот кој што обезбедуваат докази, да се сослушаат лица."
Михајлова додава дека треба да биде поголем и притисокот од јавноста како и дека е потребно поголемо вклучување од органите на прогонот. Инаку на ниво на Собрание во развиените земји веке има искуство на закажување јавни расправи кои се органзираат како сослушување, кое има за цел да се обезбеди поголема отчетнсот пред јавноста.

На таа комисија присуствуваат и пратеници и медиуми и тие го распрашуваат подетално министерот каде ги потрошил тие да речеме пет-шест милиони