Потребни нови начини за финансирање на фирмите

Работник во фабрика

Кредитирањето од банките за македонските компании во услови на криза станува се потешко. Во светот во тренд е така наречениот еквити капитал, како можност за финасирање на компаниите, што во Македонија допрва треба да се развива, велат експертите.

Македонските компании примарно се финансираат од кредити од банките, што во услови на рестриктивна монетарна политика е голем хендикеп, се согласуваат упатените. Проектот на УСАИД во Македонија денеска одржува семинар на кој се разгледува финансирањето со сопственичкиот удел на фирмата, попознато како еквити инвестирање.
Ивица Јовановски, заменик директорот на ФАС Македонија, вели дека банките не се единствен извор на пари за компаниите:

,,Она што е терк во светската економија е прибирање на капитал без посредство на банките или собирање на т.н. еквити капитал што во Македонија треба допрва да се развие како опција каде што банките не би биле оние единствени кој што би го снабдувале стопанството со капитал."

Јовановски Додава дека сегашните проблеми на банките се одразуваат и на работењето на компаниите:
Она што е терк во светската економија е прибирање на капитал без посредство на банките или собирање на т.н. еквити капитал што во Македонија треба допрва да се развие како опција каде што банките не би биле оние единствени кој што би го снабдувале стопанството со капитал


,,Значи во ситуација кога банките имаат проблеми околу прибирањето на капитал тоа се одразува и на компаниите."

Со еквити финансирањето македонските фирми ја создаваат можноста за влез на странски капитал во нивниот сопственички удел. Шефот на проектот за конкурентност на УСАИД Нимиш Џавери вели дека кога инвеститорот купува дел од капиталот на некоја компанија, главниот интерес се проектите на фирмата.

,,Кога зборуваме за странски инвеститори кои што инвестираат во градежна индустрија или во изградба, значи во нешто како недвижност, најбитно за нив е да видат кој е квалитетот на самиот проект кој што го нуди домашната фирма."

На македоснкиот пазар веќе има активни еквити инвеститори. Еден од нив е инвестицискиот фонд „Сеаф“ кој до сега има инвестирано во 14 компании. Мартин Стошиќ вели дека фондот бира копмпании кои ќе обезбедат поврат на инвестицијата:

,,Значи ние немаме никаков лимит при избор на индустрија за инвестирање. Нормално како и секој еквити инвестициски фонд бараме бизниси кои што имаат голем потенцијал за раст, има некој нов бизнис модел, нов производ, добра идеја која што со добра финансиска инекција и добра поддршка од страна на ваков стратешки партнер, би можело да се реализира во брз период и би донело добар поврат на капиталот."

Инаку, очекувањата на надлежните за зголемување на странските инвестиции во земјава не се остварија во првите седум месеци од годинава. Наместо очекуваните 110 милиони евра, од нова година до денес се регистрирани 78,7 милиони евра странски инвестиции.