Претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо и шведскиот премиер Фредерик Рајнфилт денеска во Брисел разговараат со чешкиот премиер Јан Фишер за деблокирање на Лисабонскиот Договор. Откако референдумот во Ирска успеа, само уште претседателите на Чешка и на Полска го немаат ратификувано, а најголем противник е чешкиот претседател Вацлав Клаус.