Украина го платила долгот за рускиот гас

Украинската државна енергетска компанија Нафтогаз соопшти дека целосно и на време ја платила сметката за Септември за увезениот гас од Русија. Европа страхува дека може да се повтори кризата од јануари, кога поради неплатениот долг на Украина, повеќе европски земји останаа без руски гас. Западна Европа задоволува 20 насто од своите потреби на гас од Русија, преку Украина.