Далај Лама не се сретна Со Обама

Тибетскиот духовен лидер, Далај Лама, и покрај тоа што денеска во Вашингтон, доби награда за човекови права, не се сретна со американскиот претседател Барак Обама, кој ја одби средбата.. Обама и Далај Лама нема да се сретнат се додека американскиот претседател не оствари средба со неговиот кинески колега, во ноември. Кина го обвинува Далај Лама дека е сепаратистички водач , а САД во моментот бара кинеска подршка за клучни прашања од надворешната политика и економијата.