На денешната расправа вo Собранието за ребалансот на буџетот, пратениците од опозицијата ја обвинуваа власта за задолжување и прекумерно трошење во услови на криза, додека власта пак тврди дека антикризните мерки имале позитивни ефекти.
Македонската влада е скапа, тврдат пратениците на опозицијата. Пратеникот на ЛДП Јован Манасиевски вели дека со последниот предлог ребаланс на Буџетот дополнително се оптеретуваат граѓаните со давачки за казни и разни такси.
,,Врз основа на зафаќања од граѓаните и стопанството ќе бидат собрани 35 милиони евра повеќе. Значи во кризната 2009 година каде ќе имаме пад на БДП од речиси 2% Владата се определува за дополнителни 35 милиони евра да ги оданочи граѓаните и стопанството."
За пратеникот на ЛДП проблематично е и странското задолжување кое пораснало од 3 милијарди евра лани на 14 милијарди годинава за покривање на тековниот дефицит.
Пратеникот на владеачката ВМРО ДПМНЕ Крсте Муковски посочи дека даночната политика на владата е поволна за стопанството:
,,Своето опстојување, стопанството во Македонија го темели исклучиво врз даночната политика.Мислам дека тука е основниот аргумент и темелот врз кој што денеска во овие услови на светска криза издржува македонското стопанство. Македонија е лидер во однос на даночите стапки во Европа."
Пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов, навраќајки се на неколкупати корегираните проекции за економски раст, констатираше дека нема видливи ефекти од задолжувањето на владата:
,,Вашата фискална политика придонесе во Република Македонија прво да се покачат каматните стапки и за претпријатијата и за граѓаните и второ значајни финансиски средства да се истиснат од банките и да неможат да се пласираат во стопанството.,,
Министерот за финансии Зоран Ставрески, посочувајки дека секоја институција греши при проекциите, рече дека владините антикризни мерки имале позитивни ефекти:
,,Начиниот на кој што се водеа политиките во 2009 година и претходните години помогна македонската економија со помали последици да излезе од оваа криза, можеше да биде многу пострашно."
Јани Макрадули од опозициската СДСМ, навраќајки се на трошоците за реклами и слични надоместоци, обвини дека владата несоодветно ги троши парите од народната каса:
,,Не постои земја во услови на криза да се справува со градење на мост до мост кој што веќе постои."
Министерот Ставрески рече дека ребалансот е прилагоден на актуелната состојба. До сега за предлог ребалансот беа поднесени 153 амандмани од кои 13 беа прифатени, а 10 беа повлечени.

Не постои земја во услови на криза да се справува со градење на мост, до мост кој што веќе постои
Пратеникот на владеачката ВМРО ДПМНЕ Крсте Муковски посочи дека даночната политика на владата е поволна за стопанството:
,,Своето опстојување, стопанството во Македонија го темели исклучиво врз даночната политика.Мислам дека тука е основниот аргумент и темелот врз кој што денеска во овие услови на светска криза издржува македонското стопанство. Македонија е лидер во однос на даночите стапки во Европа."
Пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов, навраќајки се на неколкупати корегираните проекции за економски раст, констатираше дека нема видливи ефекти од задолжувањето на владата:
,,Вашата фискална политика придонесе во Република Македонија прво да се покачат каматните стапки и за претпријатијата и за граѓаните и второ значајни финансиски средства да се истиснат од банките и да неможат да се пласираат во стопанството.,,
Начиниот на кој што се водеа политиките во 2009 година и претходните години помогна македонската економија со помали последици да излезе од оваа криза, можеше да биде многу пострашно