Русија ќе и одобри заем од 1, 5 милиони долари на Србија, за да може земјата да го надополни буџетскиот дефицит и да инвестира во инфраструктурата. Договорот треба да биде потпишан за време на посетата на рускиот претседател Дмитри Медведев на Србија, на 20 октомври. Рускиот министер за финансии, рекол дека на Србија прво ќе и бидат дадени 350 милиони долари за закрепнување на буџетскиот дефицит, а парите за вложување во инфраструктирата ќе и бидат доделени следната година. Со овој заем на Србија, се очекува Русија да го зајакне своето влијание на Балканот.