Вака американскиот државен секретар Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс ги оценија меѓународните разговори со Иран што во минатата недела се одржаа во Женева.
На заедничкото интервју за Си Ен Ен, државниот секретар Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс прецизираа дека разговорите резултирале со три договори кои ќе им дадат повеќе време на Соединетите држави за да видат дали Иран е сериозен во врска со преговорите за неговата нуклеарна програма. Клинтон додаде дека Вашингтон ќе продолжи да подготвува дополнителни санкции против Техеран доколку не преземе чекори за запирање на збогатувањето ураниум. Гејтс, изразувајќи уверување дека Иран има намера да дојде до атомско оружје и на мислење оти се уште постои можност таа земја да биде убедена дека таквото оружје ќе биде контрапродуктивно за неа. Претходно, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мухамед ел Барадеи имаше средба во Техеран со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад
,,Се договоривме нашите инспектори да дојдат на 25 октомври за да направат инспекција во Ком. Се надевам и верувам дека Иран ќе биде транспарентен спрема нашите инспектори за да можеме што е можно поскоро да направиме верификација на објектот.,,
Изјави Барадеи. Иран кон крајот на септември објави дека има недовршена постројка за збогатување ураниум во близина на светиот град Ком. Техеран се согласи таа да биде испитана од меѓународните инспектори на состанокот со петте постојани членки на Советот за безбедност, плус Германија што на први октомври се одржа во Женева. Ел Барадеи изјави дека постои загриженост за идните ирански намери во и оти е важно инспекторите да потврдат дека таа постројка е наменета за мирољубиви цели.
,,Ни треба транспарентност од Иран. Потребна ни е неговата соработка со меѓународната заедница. Затоа сметам дека се наоѓаме во еден критичен момент. Гледам дека ја менуваме брзината од конфронтација кон транспарентност и соработка.,,
вели Барадеи, додавајќи дека претставници на Соединетите Држави, Франција, Русија и Иран на 19 овој месец ќе се сретнат во Виена на разговори за можно збогатување ирански ураниум во странство. По оваа најава, советникот на американскиот претседател Барак Обама за национална безбедност, Џејмс Џонс оцени дека за сега, работите се движат во вистинската насока. Техеран инсистира дека има право да развива нуклеарна енергија, но откривањето на вториот објект за збогатување на ураниум го зголеми стравот на западните влади дека се обидува да развие нуклеарно оружје. Весникот Њујорк тајмс објави доверлива анализа на Меѓународната агенција која заклучила дека Иран има стекнато доволно информации за да може да дизајнира и произведува нуклеарна бомба врз основа на високо збогатен ураниум. Во меѓувреме, американскиот секретар за финансии Тимотеј Гајтнер побараа глобална акција против перењето пари и финансирањето на терористичката опасност од Иран. Во говорот на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд во Истанбул, што беше подготовка на годишните состаноци на ММФ и Светската банка, Гајтнер наведе дека сите земји треба да ги спроведуваат санкциите против иранските банки.
Ни треба транспарентност од Иран. Потребна ни е неговата соработка со меѓународната заедница. Затоа сметам дека се наоѓаме во еден критичен момент. Гледам дека ја менуваме брзината од конфронтација кон транспарентност и соработка.