Северна Кореа по се изгледа ја достигнала финалната фаза во обновата на нуклеарните постројки кои беа затворени по договорот постигнат на шестпартитните разговори. Ова го наведува јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи разузнаваќки извори во Сеул. Се додава дека постојат индикации оти нуклеарниот комплекс Јонгбјон бил целосно обновен откако Северна Кореа во април годинава беше осудена од меѓународната заедница поради нејзините ракетни проби.