Албанскиот премиер Сали Бериша денеска ќе допатува во дводневна посета на Косово. Тој ќе има средба со премиерот Хашим Тачи со кој ќе потпише повеќе договори за меѓугранична соработка. Бериша ќе биде примен и од косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, а ќе има средба и со шефот на Меѓународната цивилна канцеларија Питер Фејт.