Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија допрва треба да го финализира планот да му помогне на Иран во збогатување на ураниум . Лавров изјави дека експертите ќе треба да работат на спецификите на договорот. Во изработка на договорот ќе бидат вклучени и САД, Франција, Русија, и Меѓународната агенција за атомска енергија. Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е само за потребите за струја на истражувачки реактор во Техеран.