За уште 30 дена е продолжен притворот на капетанот на бродот „Илинден“. Мерката притвор на капетанот му беше изречена , веднаш откако потона бродот во Охридското Езеро, при што загинаа 15 бугарски државјани. Деновиве треба да биде извршено и финалното вештачењето на „Илинден“ за утврдување на причинита за бродската несреќа. Од вештачењето и ставот на членовите на комисијата составена од експерти од Македонија, Словенија и од Хрватска ќе зависи дали обвинението за несреќата ќе биде проширено и врз други лица.