ОН не само што ги ирнорираа изборните неправилности за време на изборите кои се одржаа во август во Авганистан, туку ми рекоа и да молчам за тоа, изјави за „Вашингтон пост“ еден отпуштен американски дипломат кој работел во Авганистан. Официјални претставници на ОН, пак изјавиле дека отпуштањето на дипломатот оди во интерес на мисијата . На изборите во Авганистан, претседателот Хамид Карзаи наводно освои најмногу гласови, но резултатите се уште не е официјално објавени.