Бројот на загинати при лизгање на земјиштето во Сицилија, може да се зголеми, изјавил италијанскиот премиер Силвио Берлускони. До сега е потврдено дека при вчерашното лизгање на земјиштето, најмалку 20 луѓе загинале, 80 се повредени, а 40 и понатаму се сметаа за исчезнати. Спасувачките екипи трагаат по преживеани, но дождот ја отежнува потрагата . Ова лизгање на земјиштето е причинето од неконтролирано сечење на шумите и непланската градба, соопштуваат тамошните власти.