Во Таџикистан крај на користењето на рускиот јазик

Парламентот на Таџикистан денеска се согласил, со закон да се стави крај на користењето на рускиот јазик во јавниот живот. Горниот дом на парламентот го одобри законот кој беше донесен претходно оваа недела од страна на долниот дом. Претседателот на Таџикистан треба да ги потпише одредбите за да може законот да стапи на сила.