Пакистан ја поздрави финаниската подршка од Соединетите Држави во износ од 7,5 милијарди долари за наредните 5 години. Парите се наменети за изградба на училишта, патишта и демократски институции. Пакистанскиот министер за надворешни работи Мехмуд Кореши, во Вашингтон изјави дека неговата земја особено ја цени оваа помош со оглед на економските проблеми во Соединетите Држави.