Во Истанбул состанок на Г-7, ММФ и Светска Банка

Минитрите за финансии и првите луѓе на централните банки на групата 7 индустриски најразвиени земји во светот одржуваат состанок во Истанбул. Главна тема е излезот од светската економска криза и мерките за превенција тоа да не се повтори. Во Истанбул се одржува и годишниот состанок на Меѓународниот Монетарен Фонд и на Светска Банка. ММФ излезе со проценка дека последиците од глобалната економска криза ќе се чувствуваат и во наредната година и оти европските економии ќе забележат раст од 0,5 насто, откако годинава имаа пад од 4 насто. Економиите на Централна и Источна Европа, кои имаа пад од 6,6 насто, во наредната година ќе остварат раст од 1,7 насто, а земјите од евро-зоната, до 2012-та година ќе достигнат стапка на невработеност од 12 насто, проценува ММФ.